Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за последното коло во две групи од втората рунда на Мундијалот во Египет.
Машката репрезентација на Македонија ќе го одигра последниот дуел на СП против Белорусија, а арбитражата им е доделена на Иранците Колахдузан и Мусавиан.
Делегат на оваа средба ќе биде Австриецот Герхард Рајзигер.
Двобојот меѓу Белорусија и Македонија се игра во „Каиро Стадион“, со почеток во 15:30 часот.