Македонскиот ракомет загуби уште еден спортски работник, откако денеск почина Филип Христов кој целиот свој живот го посвети на РК Металург.
Во моментов беше дел од Натпреварувачката Комисија на РФМ. Тој во Металург беше на повеќе раководни функции и е еден од вистинските сведоци на формирањето на македонската лига, на почетоците на спортот што сега е најпопуларен во Македонија.
Тој беше дел од семејството на Металург и сведок на успесите на „сините“, на првите европски настапи и искачувања, и најголемите клупски успеси, на издигнувањето на клубот во самиот европски врв.
На негов предлог поранешниот женски клуб РК Скопје, се фузира со новоформираниот Металург и така започнува приказната и за женскиот тим.