Изминатиот викенд еден од натпреварите од 5 коло во машката кадетска лига не го дочека својот крај.
Дуелот во Велес меѓу домашниот тим Борец и КЛ7 Свети Николе, беше прекинат во 36 минута од страна на судиите Божидар Јованов и Пепи Димков, како и делегатот Тодор Јосмов.
При резултат 16:14 и напад на домашниот тим, тренерот на екипата од Свети Николе реагираше на една судиска одлука.
Имаше еден приговор, па уште еден и судиите се решија за црвен картон. Тренерот тргна на терен да се пресметуваа со нив, но играчите и стручните штабови спречија поголем инцидент.
Имаше прекин од неколку минути, и откако се смирија страстите, официјалните лица го прекинаа натпреварот, па дисциплинците на РФМ ќе имаат многу работа.
Погледнете што се случи во видео прилогот што го објави порталот „Батали“…