Денешното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер донесе големи инциденти на самиот старт.
Битолските навивaчи во салата влегоа некаде околу 10-тата минута и веднаш дојдоа во судир со полицијата. Од трибината каде што беа сместени можеа да се забелажат разни предмети кои беа фрлани кон останатата публика во салата.
Инцидентот траеше неколку минути, а по смирувањето на ситуацијата полицијата дозволи и останатите навивачите на битолскиот клуб да влезат во салата.