Информација од ЕХФ во врска со Корона вирусот и Ф4 турнирите

Зголемувањето на бројот на заболени лица од Корона вирусот го влучи алармот и кај спортските федерации, па и Европската ракометна федерација будно го следи развојот на ситауцијата.

Минатиот викенд беа одиграни првите натпревари пред празни трибини и тоа во првенствата во Данска и во Словенија. Од ЕХФ веќе имаат соопштение во кое потенцираат дека не сакаат да ризикуваат.

„Здравјето на ракометарите е во прв план исто како и на сите официјални лица кои се дел од натпреварите и на навивачите. Федерацијата останува во близок контакт со релевантните национални и меѓународни власти, како и со сите клубови и федерации за координација и собирање на релевантни информации за процесот на одлучување. Во овој поглед важно е секоја донесена одлука да најде правилен баланс меѓу потребата за внимателност и потенцијалниот ризик“, стои во соопштението.

Со оглед на тоа што во мај е предвидено да бидат одиграни три Ф4 турнири. На 9 и 10 мај се игра завршниот турнир во Лигата на шампиони за жени, потоа на 23 и 24 мај Купот на ЕХФ за мажи во Берлин и Лигата на шампиони за мажи на 30 и 31 мај во Келн.

Поради ситуацијата со Корина ирусот останува да се види како ќе се развива ситуацијата и во согласност со неа ќе дојде и до одлуки дали ќе се игра и во какви услови ќе бидат одиграни натпреварите доколку се реши истите да бидат играни.