Ќамила Мичијевиќ, Србија vs Хрватска, ЕХФ ЕУРО 2020 Колдинг, Данска ФОТО: Joзо Чaбрaja / kolektiff images

Интервју со Ќамила Мичијевиќ: Заедништвото може да не донесе до самиот крај

Најпознатото име меѓу ракометарките на Хрватска на Европското првенство во Данска е Ќамила Мичијевиќ. Левиот бек на француски Мец, на ова првенство го предводи составот на коцкестите, а трите победи во првата фаза само покажуваат дека Хрватска има тим и амбиции за многу повеќе.

Ние навистина бевме силни, но имавме за противници многу квалитетни противници, тука е Холандија-актуелните светски прваци, потоа Унгарија која игра одлично и Србија, за која не мора да трошиме зборови. Не треба многу да се зборува за нив, многу добри ривали, но ние покажавме дека против сите можеме да играме.- вели Ќамила на почеток на интервјуто за 24Ракомет.

Таа е една од петте репрезентативки кои професионално се занимаваат со ракомет, настапува во врвен европски клуб и токму тоа искуство и нејзините ракометни предиспозиции се оружјето кое Хрватска треба да го користи на овој шампионат.

Секако дека знаев и пред ова Европско првенство дека многу ќе се очекува од мене. Дојдов со намера колку што можам да помогнам на репрезентацијата. Засега добро ми оди, за тоа сум им благодарна на моите колешки, и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме во ист стил.

Хрватска замина на Европското првенство како аутсајдер, а довербата на нацијата започна да се создава дури по втората победа против светскиот првак.

Општо е познато дека ние сме нација, која сака само победници. Не сакаме да ги истакнуваме оние што само се трудат, но ние не се лутиме. Убаво е сега да имате убава поддршка апсолутно од сите медиуми и луѓе во Хрватска. Ни годи секако, уживаме, ќе го искориситме тоа најдобро што можеме и додека трае ќе уживаме во оваа силна поддршка.

Следите што се пишува за вас, низ медиумите?

Секако дека следиме сè што се пишува на социјалните мрежи, не можеме тоа да го заибиколиме. Читаме, се смееме, има убави и смешни коментари, по некој негативен, но сето тоа за нас е забавно, и не прави посилни, среќни и задоволни.

Фото: Станко Груден / kolektiff images

Ако по нешто можете веднаш да ја препознаете репрезентацијата на Хрватска тоа е победничкиот танц. За прославата е „виновен“ репрезентативниот доктор, а за тоа дали ќе го гледаме до крај на првеството, Мичијевиќ вели:

Од самиот почеток на првенството почнавме со тие танци, со тие забави, така продолживме од победа во победа. Многу ни е забавно, уживаме додека играме ракомет. Некои од кореграфиите ги смисли нашиот доктор, се држиме засега до нив, додека не загубиме, па потоа ќе ги промениме (се семее). Докоторот е задолжен за нашите забавни идеи.


Потеклото од Мостар ја врзува и за низ хрватски репрезентативци, а секако најпознат меѓу нив е Игор Карачиќ. Но како што вели Ќамила освен по некоја честитка не ја одржуваат мостарската врска.

Се запознавме со Карачиќ, но не сме блиски, навистина многу го почитувам како спортист. Си ги честитаме победите меѓусебно, и тоа е многу убаво – секогаш се поддржуваме.

Пријателството, позитивната атмосфера и борбеноста и донесоа прво место во групата Ц. Иако нема познати и звучни имиња сега пред Хрватска секоја репрезентација трепери.

Ние сме селекција што игра со години заедно. Има многу од нас што играа заедно и во кадетска и младинска конкуренција, веројатно сега се си дојде на свое место. Играме тимски, бидјеќи немаме многу играчи што играат во врвни клубови. Сфативме дека заедништвото е тоа единствено што може да не донесе до самиот крај. Така се однесуваме, така играме и засега добро ни оди.

Како против Романија?

Како и досега,  на претходните натпревари, ќе одиме силно на победа и против Романија да направиме некој добар резултат. Мора да играме силно во одбраната и тоа е тоа, се надевам ќе добиеме уште еден дуел.

ФОТО: Joзo Чaбрaja / kolektiff images

Победите во трите почетни натпревари на Европското првенство ја отворија можноста пред Хрватска за висок пласман, пред сè многу достижно е полуфиналето. Но на патот како прва пречка стои Романија, а потоа и Германија и Норвешка.

Не сакам уште отсега да размислувам за полуфинале. Пред нас имаме уште три тешки натпревари што мораме да ги одиграме. Не сакам да размислувам за полуфинале, ако се случи ќе биде нешто најубаво што може да се случи, но не сакам да размислувам.

За кратко време емисијата наменета за забава на социјалните медиуми привлече големо внимание кај јавноста. Доколку Ќамила е спречена, која би била идеална замена како водител на „Кај Ќамила на фотелја“?

Навистина тешко прашање. Сигурно е дека јас би можела да најдам некоја замена, има тука потенцијал, но не дај Боже да не можам јас да водам. Навистина не знам кој е број еден замена, можеби Валентина Блажевиќ, можеби она пријателски би се потрудила најмногу да ја заврши мојата работа.