Пред три дена започна изборот на ЕХФ за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, и веќе завршија првата, втората рунда, четвртфиналето и полуфиналето.
Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда го „победи“ оној на Копенхаген, а во второто коло беше подобар од дресот на Нант, додека во четвртфиналето го „мина“ и дресот на Веспрем. Во полуфиналето „немаше“ проблем против Барселона и беше подобар со убедлива разлика (86%-14).
Дресот на ЖРК Вардар го мина првиот филтер против Виборг, а вториот против Кристијансанд, додека во четвртфиналето беше „подобар“ од францускиот Мец. Полуфинален ривал беше дресот на Ѓер, кој беше „совладан“ со убедлива разлика (84%-16%).
Резимирано, најубав машки дрес во Европа има Вардар, а најубав женски ЖРК Вардар. Двата „црвено-црни“ дреса ќе имаат финална пресметка, чие гласање започна денеска во 11:31 часот и ќе трае до утре до пладне. Може да гласате ТУКА.