Второто издание на турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ што од 23 до 26 август ќе се одржи во Охрид ќе биде со 8 екипи, а на „бродот се качи“ и екипата на Голден Арт од Скопје. Тие се шестиот тим што го потврди играњето, и остануваат само уште две места.
Досега потврени учесници се Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Голден Арт, Татран и Металопластика. Покани има испратено и до неколку странски и домашни екипи, кои деновиве треба да профатат или да се заблагодарам да играат на турнирот што сака да прерасне во традиционален во иднина.
Лани турнирот се играше со четири екипи, Охрид, Пролет, Тиквеш и Партизан, а победник беше тимот од Кавадарци.
Тимот на Голден Арт играше сезонава во плејаут, и го освои 9. место на крајот од сезоната од 16 екипи, што е нивни најдобар пласман. Се промовираа со колектив кој работи одлично со млади категории, бидејќи нивните три екипи, младинска, кадетска и пионерска играат на Ф4 турнирите и донесоа две медали, еден златен и еден сребрен. Во меѓувреме се стабилизира и тренерскиот и играчки кадар и сега сакаат да одат чекор напред.
Домаќините на турнирот, за новата сезона најавуваат дека ќе атакуваат високо на табелата, а тоа го покажаа со засилувањата што ги донесоа. Најзвучно име секако е тренерот Стефче Алушовски кој потпиша тригодишен договор.
Охрид претходно ги промовираше Берин Бркиќ, Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Милорад Кукуски и Никола Стоилевски. Клубот го ангажираше грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе и искусниот хрватски интернационалец Звонимир Сафранко.