Има причина за славење и во корона време: Лука Циндриќ стана татко!

Иако се уште трае пандемијата со коронавирусот, некогашниот вардарец Лука Циндриќ, доби голема причина за славење и уште поголема да остане дома.

Хрватскиот репрезентативец кој во моментов е во Барселона, стана татко. Неговата долгогодишна партнерка Лара Стипетиќ ја донесе на свет ќерката Алиса.

Дека Циндриќ ќе стане татко беше познато уште за време на Европското првенство, каде што ги пропушти најважните натпревари.

Пред неколку седмици тој најави дека едвај чека да се врати на теренот, но сега и по дома ќе има слатки обврски.