Ракометарот кој синоќа го доби бронзениот медал со репрезентацијата на Норвешка, Сандер Сагосен ги има најдобрите бројки кога станува збор за поединечна конкуренција односно за постигнатото кај секој ракометар.
Денеска нема ракометари кои би можеле да го симнат од тронот, па дури и да имаат неверојатни партии. Ќе треба да одиграат за Гинис тој да не остане на врвот на листите за најдобар стрелец и најдобар асистент.
Сагосен со 65 гола вчера само го потврди првото место на Листата на стрелците за овој шампионат, а воедно го симна и Кире Лазаров од врвот на вечната листа. Дури 18 гола помалку од него има Никита Вајлупов, додека гол помалку од Белорусот на 3. место има Никола Билик од Австрија.
Покрај ова Сагосен го заврши турнирот со 53 асистенции што е просек од 5,9 асистенции по натпревар така што е далеку пред конкурентите. Зад него во моментов се Никола Билик од Австрија со 35 и Деан Бомбач од Словенија со 34. Сепак, денеска на 2. позиција може да избие Алекс Душебаев кој досега има 30 асистенции.
Денеска ќе бидат комплетни листите и во двете конкуренции, но јасно е дека нема да има можност за симнување од врвот на Сагосен.