Ракометари и ракометарки од периодот кога Драгана Пецевска Ристова беше активен играч во последните година – две се актуелни во националните стручни штабови, но за себе вели дека никој не ја контактирал, но и дека верува дека ќе дојде нејзиното време.
„Никој не ме контактирал и не знам зошто! Едно време скоро цела кадетска репрезентација беше мојот тим, а беше поставен друг човек за селектор. Сакам да верувам дека тоа е според некој концепт на Федерацијата. Си велев моја генерација кадетки и мислев дека логично е јас да ги водам, но не се случи тоа и си реков на себе си, добро Драгана, стој, кочница! Сакам да се пробам и во национална селекција, но кога ќе дојде време. Сега следно би требало да биде сениорска и имам желба и потајно сакам да направам нешто за женскиот ракомет и репрезентација, но кога ќе дојде вистинското време.“
Подолу прочитајте го интервјуто со тренерот на ЖРК Вардар…