Ракометарите на Порто пропуштија голема шанса за победа против Мотор Запорожје и дозволија во последните моменти да им избега победата од раце.
Тие имаа практично добиен натпревар, водеа 35:34 и имаа напад на 30 секунди до крајот. После тајм аутот направија брза акција за крило но Бранкињо не успеа да погоди. Во брза контра Сорока беше прецизен за голем бод за Мотор на ова гостување особено затоа што беа во изгубена сигуација во самиот финиш.
Во следното видео погледнете ја неизвсната завршница на натпреварот.