На Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија, пласман ќе обезбедат репрезентациите кои ќе завршат на прво и второ место во квалификациските групи, ги има вкупно осум, како и четирите најдобро третопласирани репрезентации.
Меѓу селекциите кои се наоѓаат на чекор до пласман на континенталниот собир е селекцијата на Фарски Острови, која во рамки од 3. коло ја совлада Романија со два гола разлика, 28:26.
Ракометарите на Фарски Острови и навивачите емотивно ја прославија победата над Романија. За натпреварот против селекцијата на Чави Пасквал, салата во Торшавн, главниот град на Фарските Острови, беше исполнета до последното место, капацитетот на салата е околу 1700 гледачи.
Островската земја ја предводат млади играчи на кои им се предвидува фантастична кариера. Тука е десното крило Хакун Вест Ав Тејгум, кој против Романија имаше одлична реализација, постигна 11 погодоци од 12 обиди.
Хакун Вест Ав Тејгум на лето ќе се пресели во редовите на Рајн Некар, додека неговиот помлад колега, средниот бек, Елијас Елефсен а Скипаготу против Романија имаше пет реализации и девет асистенции.
20-годишниот ракометар со своите одлични настапи на Европското младинско првенство во Португалија си обезбеди трансфер во Кил.
Фарски Острови, која има 50.000 жители во последните неколку години направи голем исчекор во ракометот.
На Европското младинско првенство во Португалија, кое се одржа минатата година, репрезентацијата на Фарски Острови ги совлада Франција, Србија, Црна Гора…На младинскиот Мундијал за најдобар стрелец со 80 погодоци и најдобар играч беше прогласен членот на Фарски Острови, Оли Митун. Левиот бек моментално настапува во Шведска, поточно во екипата на Савехоф.
This is what it looks and sounds like when you defeat Romania and are still in the run for your first major championship ever. Congratulations, the Faroe Islands🇫🇴#handball pic.twitter.com/6GU9gICJgJ
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) March 8, 2023