Имаат ракометари за „извоз“ – Французите со два различни тима против Грција

Во рамките на квалификациските натпревари за настап за Европското првенство во Унгарија и Словачка, репрезентацијата на Франција треба да одигра уште два натпревари против Грција во рамките од квалификациската група 2.

Нивниот селектор, Гијом Жил се одлучи да формира две групи на ракометари од 16 и 11 играчи. На првиот натпревар против Грција ќе настапат сите ракометари кои беа дел од олимпискиот квалификациски циклус во март. Ново име во францускиот состав за натпреварот во Грција е десното крило на Монпелје, Јанис Лене.

Уште 11 ракометари ќе се приклучат во француската селекција на подготовките за реванш натпреварот во Кретеј. Од проширената листа од 28 ракометари, Гијом Жил ќе треба од нив да избере 17 за дуелот против Грција на 2 мај.

Франција во квалификациската група број 2 се наоѓа на второто место. На натпреварите против Србија доживеа пораз од 27:24, додека на реваншот успеа да обезбеди реми, 26:26.

Натпреварите против Грција треба да послужат за заверка на пласманот на Европското првенство во Унгарија и Словачка наредната година. Франција и Грција ќе се сретнат на 27 април во Атина, додека на 2 мај, Грција ќе патува во Кретеј на реванш натпреварот.