Еден од големите европски играчи и легенда на српскиот ракомет, кој настпуваше за Горење, Гумерсбах, Кил и Веспрем, а сега тренер на унгарскиот тим, Момир Илиќ, се осврна на актуелната ситуација со репрезентативниот ракомет во Хрватска и Србија.
Тој во изјавата за хрватскиот портал Net.hr направи споредба и вели дека во Хрватска никогаш не се случува играч да одбие репрезентативен повик.
,,Ќе бидам сурово искрен. Неверојатна е таа мотивација кај Хрватска, независно дали е ракомет или фудбал. Зоран Гобац ги постави темелите на хрватскиот ракомет, уште во 90-тите. Многу сум разговарал со покојниот Велимир Кљаиќ. Има една голема работа, покрај работата со младите категории. Хрватска секогаш има квалитетни играчи. Во споредба со Србија, ние имавме проблем од порано, кога играчи не одговараа на повикот на селекторот. Тоа е „наследство“ од претходните генерации, тоа е последица дека во сојузот во Србија работите не биле чисти. Тоа во Хрватска не може да се случи, или ретко кога еден играч не се јавил на повикот на селекторот. Тоа е една голема и важна работа”, изјави Илиќ/
Илиќ како играч стана првиот ракометар со 100 и повеќе голови во три последователни сезони во Лигата на шампионите. Воедно со Србија освои сребро на Европското првенство 2012 година, кога Србија беше домаќин.