Ракометарите на Вардар денеска ги очекува реванш натпреварот против унгарскиот Веспрем во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот на Веспрем, Момир Илиќ, вели дека неговиот тим иако има осум гола предност, 30-22, сепак вели дека тоа е само половина пат.
„Благодарение на победата од осум гола може да очекуваме реванш од поволна позиција, но сега сме само на половина пат. Вардар е одличен тим, овојпат треба да одиграме многу подобро отколку што игравме ако сакаме повторно да победиме. Видов и неколку работи во Скопје од кои не бев задоволен“, изјави Илиќ.
Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра вечерва во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.