Ракометарите на Вардар денеска ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот гигант Веспрем.
Тренерот на Веспрем, Момир Илиќ, вели дека го познава Вардар многу добро, но се фокусира само на играта на неговиот тим.
„Во Скопје никогаш не е лесно да се игра. Ние многу добро го познаваме Вардар, тие се многу добар тим, никогаш не се откажуваат и се борат до крај. Но ние мораме да се фокусираме на нашата игра“, вели Илиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.