Израмнето прво полувреме во Данска, Еурофарм Пелистер и Гудме без предност на одмор

После првите 30 минути од дуелот од 2. коло од Групата Д во Лигата на Европа меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер никој нема предност бидејќи резултат е нерешен, 14:14 откако Танкоски реализираше за на одмор да се замине со овој резултат.

Од првата минута на овој дуел тимот на Еурофарм Пелистер тргна решително и наметна свој ритам. Имаше 2:0 во 4. минута, но домашните брзо се консолидираа, па успеаја да стигнат до нерешени 2:2.

Набрзо после ова одново Еурофарм Пелистер поведе со два разлика и имаше 4:2. Сепак, реакцијата на тимот од Данска беше со три гола при што се казнија неколкуте избрзани напади на битолчани, па Гог Гудме имаше прво водство во 12. минута од 5:4.

Тука следуваше игра гол за гол при што Еурофарм Пелистер постојано израмнуваше. На средина од полувремето дојде и до замена на голот, а Благојче Трајкоски даде поддршка за одбраната и почна далеку посилна игра која даваше многу поинтересен тек.

Овие одбрани овозможуваа битолчани да се враќаат и после негатива од два гола, па резултатот постојано беше активен. Кој ќе замине на одмор со предност решаваше еден потег, една акција, една грешка повеќе или помалку, а второто полувреме ќе стартува без предност бидејќи првите 30 минути завршија со резултат 14:14.

Сосема очекувано Стипе Мандалиниќ е најефикасен со шест гола, три има пивотот Томислав Кушан, двапати прецизен беше Матео мараш, а по еден гол постигнаа Маџовски, Танкоски и Костески. Во Гудме на крајот од првиот дел Килделунд е најефикасен со четири гола.