На првиот натпревар во рамки на квалификациската група 3 за Светското првенство во 2023 година репрезентацијата на Романија беше подобра од селекцијата на Израел и славеше победа од 33:30.
Израелците, кои играа во Македонија пријателски натпревар, покрај трите пријавени позитивни случаи на коронавирус уште во Скопје, имаат уште плус пет. Но иако без голем дел од ракометарите што играа против Македонија, повикаа нивни замени и парираа на домашната селекција во Клуж.
Првиот дел од дуелот беше многу израмнет, Израел добро отвори и ја имаше почетната предност но тоа треше кратко. Романија ја презема контролата на резултатот и поведе со 8:5. Следуваше враќање на гостите и на полувреме екипите заминаа со израмнети 18:18.
И во продолжението Романија беше во предност, но ракометарите на Израел беа постојана закана. Иако имаа четири гола негатива успеваа да се вратат во игра да си заминат непоразени. Сепак во финишот домаќините не дозволија да ја испуштат победата и ги запишаа првите бодови во квалификациите.
Најефикасен во победничкиот тим Космин Григорас кој беше стрелец на осум гола, шест постигна Роланд Талмаиер, а петпати погоди Виорел Симицу. Во тимот на Израел Јоав Лумбросо беше прв стрелец со девет гола. Покрај Романија и Израел во групата 3 во конкуренција е уште и Молдавија, а првите две пласирани репрезентации обезбедуваат бараж за Мундијалот во 2023 година.