Изненадување од КЛ 7, му го нанесоа првиот пораз на Пролет

Во натпреварот кој се очекуваше да биде лесна задача за ракометарите на Пролет во трката за бодови во Групата А и да нема поголем проблем за да се дојде до триумф, составот на КЛ 7 успеа да најде начин како да го совлада својот противнк и на крајот имаше резултат од 32:30.

Средбата имаше интересен тек во кој во првите 30 минути се играше доста возбудливо и тензично на резултатски план. Двее екипи долго се надигруваа и се менуваа во водство, но никој не успеа да се избори за поголема предност од еден или два гола.

Таквата игра допринесе на одмор резултатот да биде нерешен, 14:14 и ова да најави интересно продолжение од средбата.

Некаде на средина од второто полувреме ракометарите на КЛ 7 почнаа да ја преземаат контролата. Успеаја да се изборат за предност од три гола, 25:22 и се покажа дека оваа предност е клучна за да се добие овој натпревар.

Нешто подоцна беа создадени и највисоките 28:24, па на тимот на Пролет не му остана друго освен да се обиде да се врати во натпреварот, но одеше тешко. Најмногу што беше направено беше негатива од еден гол, 30:29, но имаше грешки, па тоа влијаеше до крајот од средбата да се обезбеди нешто повеќе.

Младите ракометари од КЛ 7 успеаја да зададат силен удар и на крајот да слават три бода на овој дуел против фаворитот Пролет 62. Овие бодови значат многу, а КЛ 7 останува во трка за висок пласман.

Кај ракометарите на Пролет очигледно паузата оставила трага и тоа влијаеше на играта на овој дуел.

13 ноември 2020
32 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 ноември 2020 20:44 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 13.11.2020 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГОЛДЕН АРТ1432Победа
ПРОЛЕТ1430Пораз

ГОЛДЕН АРТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ѓорги Ерманоскиголман00
4Дејан Џигероскицентрален бек12
5Александар Стојковдесно крило01
6Филип Крстескипивот10
7Никола Цветаноскилев бек03
10Симон Гуческилево крило00
11Игор Ѓоргиевцентрален бек05
14Кристијан Симоноскипивот09
17Божидар Илиескицентрален бек01
19Мартин Димовскидесен бек11
22Евгениј Темелкоскидесно крило00
23Емилијан Ѓорговскилев бек14
25Андре Буторацдесен бек13
31Глигор Гајиќцентрален бек03
99Андреј Петковскиголман00
24Олег Јордановлев бек00
 Вкупно 532

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Никола Кизиќголман00
Иван Џоновлев бек08
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот05
5Илија Мелоскицентрален бек00
7Кристијан Давитковскидесен бек12
8Дејан Пецаковскилев бек10
10Стефан Доневпивот00
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило00
15Ласко Андоновскицентрален бек010
19Доне Мајновдесен бек00
21Марио Гичевцентрален бек00
22Александар Василевскилев бек00
26Петар Ангеловголман00
71Давор Палевскилево крило05
 Вкупно 230

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200260
2ВАРДАР 196122200260
3АЛКАЛОИД22200260
4ОХРИД22142644
5ТИКВЕШ 201422113836
6БУТЕЛ221201036
7ПРИЛЕП22731224