Изненадување во Свети Николе: Стружанка на колена пред Овче Поле СУ

Ракометарките на Овче Поле СУ одиграа одличен натпревар и ја остварија шестата победа во женската лига откако во 21. коло на домашен терен ја совладаа екипата на Стружанка со 25:19.

Гостинката екипа добро го отвори дуелот и имаше почетно водство, 1:3. Сепак екипата од Свети Николе брзо се врати и израмни, а го имаше и првото повисоко водство кога поведе со 8:5.

Во завршницата од првиот дел Овче Поле СУ успеа да стигне до убедливо предност и на полувремето водеше 12:7. Во продолжението на натпреварот Стружанка се обиде да се врати во игра, но намали само на минус два, но немаше сили за комплетен камбек во натпреварот.

Со оваа победа Овче Поле СУ се зацврсти на деветата позиција на табелата, а во следното коло гостува на Гевгелија. Стружанка и покрај поразот останува на шестата позиција.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080