Излезе од еден за да влезе во друг карантин

Меѓу стотина државјани на Црна Гора кои вчера од Франкфурт летаа за Црна Гора се најде и репрезентативецот на оваа земја во ракомет, голманот Небојшта Симиќ.

Тој е играч на Мелзунген и беше во карантин во минатите две недели, а одлучил да се врати дома бидејќи неговата сопруга е бремена.

„Сè беше одлично организиано. Брзо се регистриравме и чекиравме. Се вративме во Црна Гора бидејќи чекаме принова“, изјави Симиќ после пристигнувањето.

И двајцата ќе мораат во нова изолација бидејќи секој кој доаѓа од страна мора две недели во изолација.

„Се чувствуваме добро и сè е во најдобар ред. Што прекина Бундес лигата добивме упатство од клубот да одиме во домашна изолација. Таму минавме 12 дена, а сега имаме уште две недели изолација во Црна Гора. Ќе го почитуваме тоа и убедени сме дека нема да има никакви проблеми“, коментираше Симиќ.

Станува збор за еден од најдобрите ракометари на Црна Гора и прв избор за голот во репрезентацијата.