Вечерва покрај пирамидите во Гиза, беа извлечени групите за Светското првенство во Египет што ќе се одржи во 2021 година.
Домаќинот, кој ќе биде предводен од Роберто Парондо, ја одбра групата Г, со Чешка, Шведска и претставник од Јужна Америка.
Светскиот шампион Данска ќе игра со Аргентина, Бахреин и Конго во групата Д, додека европскиот првак Шпанија е дел од незгодната група Б со Бразил, Тунис и Полска.
Македонија беше елиминирана на зелената маса, иако остануваат мали шанси да се најдеме во Египет, ако не се одржат квалификациите во Северна Америка и Кариби или во Јужна Америка.
Квалификациите во Северна Америка и Кариби, како и во Јужна Америка треба да се одржат кон крајот на октомври, односно почетокот на ноември.
Светското првенство во Египет ќе се одигра од 14 до 31 јануари следната година.