После четиригодишна пауза поради откажувањето на младинското женско првенство во 2020 година овој турнир ќе се врати во јуни, а 32 репрезентации во Словенија ќе се борат за титулата.
32-те репрезентации кои ќе се натпреваруваат, вклучувајќи ја и селекцијата со вајлд-карта која подоцна ќе биде одредена беа распоредени во осум групи со по четири репрезентации.
Актуелниот шампион Унгарија ќе игра во групата „Х“ каде што се уште Полска, Египет и САД. Дебитантот Индија ќе се соочи со Холандија, Јапонија и Словачка во групата „А“. На едно Светско првенство за млади ќе дебитира и Иран која ќе се соочи со Шведска, Тунис и Гвинеја во групата „Б“. Гвинеја е третата репрезентација дебитант.
Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната рунда. 23-Светско првенство ќе се игра во Целје, Лашко и Велење од 22. јуни до 3. јули.
ГРУПИТЕ ЗА У20 СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО
ГРУПА А: Индија, Словачка, Холандија, Јапонија
ГРУПА Б: Шведска, Иран, Тунис, Гвинеја
ГРУПА Ц: Данска, Аргентина, Црна Гора, вајлд-карта
ГРУПА Д: Франција, Норвешка, Бразил, Кореа
ГРУПА Е: Романија, Чешка, Ангола, Парагвај
ГРУПА Ф: Германија, Словенија, Чиле, Мексико
ГРУПА Г: Хрватска, Швајцарија, Казахстан, Австрија
ГРУПА Х: Унгарија, Полска, Египет, САД