Избран ракометниот ALL – STAR тим на сезоната во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По завршувањето на сезоната во машката ракометна Супер лига во Македонија, единствениот македонски специјализиран спортски портал за ракомет, www.24rakomet.mk на свечена манифестација во Скопје го прогласи најдобриот тим на сезоната (Аll – STAR тимот), а официјален поддржувач на изборот годинава беше компанијата Mozzart.

И претходните години 24ракомет и Mozzart заеднички реализираа неколку проекти поврзани со ракометот, а овојпат компанијата Mozzart се јавува и како главен покровител на изборот на ALL-STAR тимот во Македонија за сезоната 2022/2023.

Во изборот учествуваа читателите на 24ракомет кои имаа една седмица да гласаат за еден од тројцата предложени канидати на секоја позииција. За нешто повеќе од една недела на сајтот на спортскиот портал регистрирани се вкупно 69.758 гласови, за десетте категори во кои се прогласија најдобрите.

Во изборот се вклучија и новинари од повеќе редакции во Македонија, од ТВ, радио, весници и спортски портали. Секако тука беше и редакцијата на 24ракомет кој веќе девет години постои на медиумската сцена, а е составена од долгогодишни спортски новинари и фотографи.

ALL STAR TEAM 2022-2023 Македонија

Најдобрите во секоја категорија добија статуетка во форма на звезда што го симболизира нивниот придонесе сезонава, како и тоа дека тие се една од звездите што ја одбележа оваа 2022/2023 сезона.

Десет истакнати ракометни работници, македонски спортски легенди: Пепи Манасков, Стефче Алушовски, Раде Стојановиќ, Лазе Мајнов, Ванчо Димовски, Гино Стрезовски, Влатко Неделковски, Петар Ангелов ги доделија статуетките на победниците во секоја категорија.

All – Star тимот за сезоната 2022/2023 го сочинуваат:
голман – Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер)
лево крило – Дејан Манасков (Вардар 1961)
лев бек – Филип Талески (Вардар 1961)
среден бек – Страхиња Симиќ (Тиквеш)
десен бек – Мартин Серафимов (Алкалоид)
десно крило – Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
пикер – Владимир Бојаниќ (Охрид)

тренер – Александар Јовиќ (Еурофарм Пелистер)
дефанзивец – Томче Стојановски (Бутел)
млад играч – Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер)

Целата манифестација на доделување беше пренесувана и преку официјалните канали на социјалните мрежи на 24ракомет, и истата можете да ја гледате на следниот линк:

* https://fb.watch/kSLr_auaaC/
* https://youtu.be/H4n27aKJ27Y?t=532