Европската ракометна федерација (ЕХФ) номинираше 54 ракометарки за идеалниот тим на сезоната во женската Лига на шампиони, како и шест тренери, а денеска објави кои ракометарки и кој тренер со гласовите на фановите се избрани во Ол Стар тимот.
Меѓу номинираните беа и екс ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ и екс членката на Кометал ЃП, Едуарда Аморим Талеска, но двете ракометарки не освоија доволно гласови за да се најдат во идеалната постава на сезоната.
Овој викенд ќе се одигра Ф4 турнирот во Лигата на шампионите кај дамите. Екипите на Ѓер, Мец, Есбјерг и Вајперс Кристијансад се овогодишните учесници на Ф4 турнирот кој традиционално се одржува во Будимпешта.
Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат Ѓер и Есбјерг, додека во второто полуфинале, Мец за противник го има актуелниот бранител на титулата, Вајперс Кристијансад.