Избор на најубав дрес: „Ривал“ на Вардар за финале е Барса, ЖРК Вардар ќе се „бори“ со Ѓер!

Пред два дена започна анкетата на ЕХФ за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, и веќе завршија првата и втората рунда, како и четвртфиналето.

Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда го „победи“ оној на Копенхаген, а во второто коло беше подобар од дресот на Нант, додека во четвртфиналето го „мина“ и дресот на Веспрем (67%-33%). Полуфинален ривал ќе биде дресот на Барселона.

Дресот на ЖРК Вардар го мина првиот филтер против Виборг, а вториот против Кристијансанд, додека во четвртфиналето беше „подобар“ од францускиот Мец (77%-23%). Полуфинален ривал ќе биде дресот на Ѓер.

Полуфиналната рунда во гласањето за најубав дрес започна денеска од 10:31 часот и ќе трае до утре до 11:30 часот.

Гласајте за дресовите на Вардар и ЖРК Вардар ТУКА.