По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата дефанзивец се номинирани:
БОРЧЕ СОКОЛОВ (Тиквеш) – Еден од најискусните играчи во Супер лигата и ракометар кој редовно е меѓу најдобрите дефанзивци. Со него секоја одбрана делува поцврсто.
ФИЛИП АРСЕНОВСКИ (Еурофарм Пелистер 2) – Во вториот тим од Битола редовно добива дефанзивни задачи и во нив е меѓу подобрите.
МИЛОРАД КУКОСКИ (Еурофарм Пелистер) – Специјалист за игра во одбрана кој во последната деценија е меѓу најдобрите во Македонија. И во Еурофарм Пелистер одбраната е под негова команда.
ТОМЧЕ СТОЈАНОВСКИ (Бутел Скопје) – Младиот ракометар во последните сезони се промовираше како еден од поважните играчи на клубот за играта во одбрана, а и сезонава беше на ниво.
ВЕЛКО МАРКОСКИ (Металург) – За Маркоски не треба многу да се потенцира она што го прави на теренот и колку е важна неговата игра за одбраната на тимот.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.