По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата пивот се номинирани:
МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ (Металург) – Еден од најголемите борци и играч кој придонесе многу за сите добри резултати на Металург во досегашниот дел од сезоната.
ЕЛМИР ГРАЏАН (Еурофарм Пелистер) – Во оваа сезона се забележа голем напредок во неговата игра, а со него на терен тимот на Еурофарм Пелистер има доста идеја во нападот.
МИХАИЛ АЛАРОВ (Пролет) – Играч кој има голем придонес и во одбраната и во нападот на Пролет и кој веќе неколку сезони игра на виско ниво.
ЖЕРЕМИ ТОТО (Вардар) – Французинот беше еден од најкорисните играчи на теренот во дресот на Вардар и играч кој правеше разлика против секого кога беше во составот.
ВЛАДИМИР ЈЕВТИЌ (Бутел Скопје) – Имаше добра игра и во нападот и во одбраната на тимот на Бутел Скопје. Неговиот придонес беше висок во текот на целата полусезона.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.