По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата лев бек се номинирани:
ЈАНЕ ЈАНЧЕВ (Тиквеш) – Еден од најдобрите ракометари на кавадарчани кои сезонава играат во добра форма. Тој ги предводи колегите и во нападот и во одбраната и со своето искуство е клучен за тимот.
ПАВЛЕ АТАНАСИЈЕВИЌ (Еурофарм Пелистер 2) – Сезонава е ракометар број 1 во редовите на вториот тим на Еурофарм Пелистер. Неколку средби ги одработи така добро што многупати беше во тимот на колото.
ЈОВИЦА МЛАДЕНОВСКИ (Бутел Скопје) – Еден од поискусните ракометари на тимот на Бутел. Имаше добра полусезона, па тоа го донесе до место меѓу најдобрите леви бекови во лигата.
СТИПЕ МАНДАЛИНИЌ (Еурофарм Пелистер) – На натпреварите против поквалитетните тимови во лигата одработе добро и беше еден од играчите кои помогнаа многу за добрите резултати на Еурофарм Пелистер.
ФИЛИП ТАЛЕСКИ (Вардар) – Во оваа сезона игра во далеку подобра форма и покажува дека полека се враќа во потребниот ритам. Имаше добри игри и влезе во топ 5 на својата позиција.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.