По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата тренер се номинирани:
ГОРАН АНДОНОВСКИ (Тиквеш) – Иако не ја почна сезоната со Тиквеш, со неговото враќање на тренерската позиција тимот од Кавадарци заигра далеку подобро и успеа да го крене нивото.
ЖЕЉКО БАБИЌ (Еурофарм Пелистер) – Имаше тежок почеток на сезоната, но потоа дојде до поправање на ритамот и ракометарите влегоа во далеку подобро продолжение.
ИВАН МАРКОВСКИ (Металург) – Имаше турбулентна сезона. Сепак, и покрај кризата успеа да дојде до неколку одлични натпревари и до победи на тешки натпревари.
КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ (Бутел Скопје) – Одлично го води тимот на Бутел Скопје и во моментов е веднаш зад двете најдобри екипи кои се далеку пред другите.
АЛЕКСАНДАР ЈОВИЌ (Еурофарм Пелистер 2) – Имаше одлична полусезона со младите момци. Победата над Вардар во Битола беше само показател за одличната работа.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.