Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор, при гласањето ќе изберете идеален тим, најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ го подржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно регуларниот дел од Суперлигата, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната. Поради коронавирусот и многу одложени натпревари, а дел од нив не се одиграа во планираните термини, изборот за МВП на колото оваа полусезона беше на пауза.
Но, затоа 24Ракомет, единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ ќе ви овозможиме да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата тренер номинирани се:
НАУМ ТАНЕСКИ – Стратегот на Струга успеа во конкуренција со КЛ7, Радовиш, Јуниор КВ, да го однесе неговиот тим во плеј-офот. Иако имаше скратена ротација и проблеми во бековската линија, сепак првичната цел опстанок – беше остварена со пласманот во плеј-офот.
ГОРАН КУЗМАНОСКИ – Во првиот тренерски обид во Македонија, Кузманоски седна на клупата на Прилеп и успеа да го извлече максимумот. Иако прилепчани беа во конкуренција до последното коло, сепак не влегоа во плеј-офот.
АНДОН БОШКОВСКИ – Докажаниот стратег повторно не успеа да остане подолг период во еден клуб, ама направи добра работа со младиот тим на КЛ7 и само поради еден кикс не беше во конкуренција за место во плеј-офот.
АЛЕКСАНДАР ЈОВИЌ – Иако имаше осцилации во играта на младиот тим на битолчани помогнат од неколку искусни играчи, предводникот Алекандар Јовиќ успеа да го однесе тимот во плеј-офот и напролет ќе игра натпревари со Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер…
РАДЕ СТОЈАНОВИЌ – Младиот стратег направи нешто што не е баш лесно да се постигне. Со тимот на Охрид успеа да остане непоразен, ниту да загуби бод, на сите 12 натпревари од регуларниот дел во Суперлигата.
Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари 2021 година до 12 часот, а за најдобрите по позиции можете да гласате на линкот подолу.