Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор, при гласањето ќе изберете идеален тим, најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ го подржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно регуларниот дел од Суперлигата, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната. Поради коронавирусот и многу одложени натпревари, а дел од нив не се одиграа во планираните термини, изборот за МВП на колото оваа полусезона беше на пауза.
Но, затоа 24Ракомет, единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ ќе ви овозможиме да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата голман номинирани се:
НИКОЛА ДАНИЛОВСКИ – Чуварот на мрежата на Охрид што дебитираше и за сениорската репрезентација заедно со Брауновиќ формираше одлично дуо на голманската позиција во тимот на Раде Стојановиќ. Имаше неколку добри партии во регуларниот дел од сезоната и заслужено се најде во изборот.
ФИЛИП ИВАНОВСКИ – Поранешниот младински репрезентативец покажа дека може да брани на високо ниво. Како еден од поисусните во тимот на Еурофарм Пелистер 2 на неколку натпревари беше човек на одлука и им помогна на битолчани да се изборат за место во плеј-офот.
МАРТИН ЈОВАНОВСКИ – Битолчанецот по враќањето од странство реши да се потпише за Струга и не погреши. Бранеше во одлична форма во регуларниот дел и тимот предводен од Наум Танески не може да се замисли без него.
ЗЛАТКО ДАСКАЛОСКИ – Искусниот голман на Бутел Скопје можеби нема континуитет на одлични партии, но сепак носи стабилност на голот на скопската екипа и брани најдобро кога најмногу треба, па заслужено се најде во изборот.
АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОСКИ – Сега веќе поранешниот чувар на мрежата на Јуниор Кисела Вода направи трансфер во Тиквеш од Кавадарци, а препорака за тоа беа одличните партии што ги имаше на голот на новиот суперлигаш. Тимот од Кисела Вода имаше три победи, а токму Стојаноски беше еден од најзаслужените за нив.
Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари 2021 година до 12 часот, а за најдобрите по позиции можете да гласате на линкот подолу.