Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор, при гласањето ќе изберете идеален тим, најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ го подржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно регуларниот дел од Суперлигата, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната. Поради коронавирусот и многу одложени натпревари, а дел од нив не се одиграа во планираните термини, изборот за МВП на колото оваа полусезона беше на пауза.
Но, затоа 24Ракомет, единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ ќе ви овозможиме да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата пивот номинирани се:
СТЕФАН АТАНАСОВСКИ – Пивотменот на Работнички беше еден од столбовите на одбраната и еден од најдобрите стрелци на тимот. Под водство на Стојан Петрушевски напредуваше многу и во пролетниот дел од сезоната веројатно ќе биде дел од Вардар.
МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ – Членот на Металург оваа сезона во суперлигашките средби доби голема минутажа и го изнесе товарот на пивотменската позиција. Со добрите игри доби и повик за националниот тим, но не го мина последниот филтер пред СП.
ПЕЦЕ ЃОРЃИОСКИ – Искусниот прилепчанец оваа полусезона во кавадаречки Тиквеш покажа дека не е само одличен дефанзивец, туку и добар стрелец во нападот. Не успеа да му помогне на тимот да влезе во плеј-офот, но заслужено е номиниран во овој избор.
КРИСТИЈАН СИМОНОСКИ – Стружанецот се наметна како еден од лидерите на КЛ7, а многумина ракометни стручњаци во него гледаат пивот за иднината на македонската репрезентација.
МИХАИЛ АЛАРОВ – Членот на Пролет од сезона во сезона напредува во играта, стана меѓу главните столбови во одбраната на овој тим, а со одличните игри во есенскиот дел од Суперлигата заслужи и репрезентативен повик, па настапи на пријателските натпревари со Чиле.
Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари 2021 година до 12 часот, а за најдобрите по позиции можете да гласате на линкот подолу.