Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор, при гласањето ќе изберете идеален тим, најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ го подржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно регуларниот дел од Суперлигата, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната. Поради коронавирусот и многу одложени натпревари, а дел од нив не се одиграа во планираните термини, изборот за МВП на колото оваа полусезона беше на пауза.
Но, затоа 24Ракомет, единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ ќе ви овозможиме да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата централен бек номинирани се:
СТЕФАН КРСТЕВСКИ – Ресенчанецот долги години игра под палката на Стојан Петрушевски, но се чини дека оваа полусезона напредувал најмногу. Заедно со Ончев се главните играчи во нападот на Работнички. Крстевски освен што има одличен шут за централен бек, често соработува и со пикерите, па од него тимот има голема полза.
ИВИЦА ИЛИЕВ – Искусниот велешанец долги години е на врвот на листата на стрелци во македонското елитно друштво. Плејмејкерот на Радовиш скоро на сите натпревари на кои настапи оваа полусезона беше најдобар стрелец, но на тимот му фалат барем уште двајца како него за да биде кандидат за плеј-оф.
ГОРАН ПЕЧЕНКОВСКИ – Централниот бек на Бутел Скопје со огромно акумулирано искуство од настапите низ повеќе македонски екипи и во европските купови со Металург е една од најзначајните алки во играта на суперлигаш. Кога Печенковски игра одлично, тогаш и Бутел игра одлично.
ЛАСКО АНДОНОВСКИ – Андоновски можеби оваа полусезона не беше во својата најдобра форма, но и таков е важен играч во составот на Никола Матлиески. Беше одличен на неколку меча, кога Пролет го потврдуваше местото во разигрувањето за титулата.
СТЕФАН ДОДИЌ – Без српското „чудо од дете“ што израсна во Автокоманда, не може да се замисли нападот на Металург. Иако уште од претходно се знаеше дека од него ќе биде класа играч, сепак оваа полусезона го потврди тоа и на теренот со настапите во Европа и на домашна сцена. Дебитираше и за српската сениорска репрезентација.
Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари 2021 година до 12 часот, а за најдобрите по позиции можете да гласате на линкот подолу.