Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор, при гласањето ќе изберете идеален тим, најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ го подржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно регуларниот дел од Суперлигата, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната. Поради коронавирусот и многу одложени натпревари, а дел од нив не се одиграа во планираните термини, изборот за МВП на колото оваа полусезона беше на пауза.
Но, затоа 24Ракомет, единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ ќе ви овозможиме да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата лев бек номинирани се:
ЈАНЕ ЈАНЧЕВ – Искусниот кавадарчанец по интернационалните искуства во Мароко, Тунис и Финска, се врати во Македонија и по епизодите во Прилеп и Охрид, му се приклучи на матичниот клуб Тиквеш. Лани беше лидер на тимот кога беше обезбеден пласман во елитното друштво, а и оваа сезона е меѓу најдобрите стрелци.
ТОШЕ ОНЧЕВ – Велешанецот по собирањето искуство во Франција и Грција, се врати во Суперлигата да му помогне на Работнички и веднаш ги презема сите конци во негови раце. Иако неговиот тим не обезбеди место во плеј-офот, сепак јасно е дека Ончев и понатаму
МИТКО СТОИЛОВ – Некогашниот репрезентативец не се откажува од активното играње ракомет и покрај тоа што имаше големи проблеми со повредите. Заслужено е дел од петорката номинирани, иако Младост забележа само две победи. Стоилов покрај тоа што игра, е вклучен и во стручниот штаб, а целта е создавање на нова генерација ракометари што треба да го остават Богданци на ракометната мапа следните сезони.
МИТЕ КАРАИВАНОВ – За најдобриот стрелец во суперлигашкото друштво нема дилеми дека треба да се најде во овој избор. Иако понекогаш знае да троши повеќе топки, сепак не може да се занемарат 96 постигнати погодоци за составот на Астраион, кој ќе се бори да опстане во лигата.
ЈОВАН ТАЛЕВСКИ – Повратникот во Македонија по играњето за Слобода Тузла, се профилираше како еден од лидерите на младиот состав на Еурофарм Пелистер 2. Заедно со Дрогришки и Димитровски, се триото искусни во овој состав, кој без разлика на неколку кикса, заслужено обезбеди место во разигрувањето за титулата.
Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари 2021 година до 12 часот, а можете да гласате на линкот подолу.