ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА – ДЕФАНЗИВЕЦ

Првпат редакцијата на 24ракомет организира избор на најдобриот тим на сезоната во женска конкуренција во Македонија. Ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер. Во првиот избор во женска конкуренција се вклучени читателите и редакцијата на 24Ракомет.

Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот реши да организира и избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го правиме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .

Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2022/23.

Покрај седумте позиции – голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, ќе избираме и тренер на сезоната во Женската лига, како и најдобар дефанзивец и млада ракометарка.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО НЕДЕЛА, 11 JУНИ 2023 

Номинирани се по три ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата.

Читателите ќе може да гласаат за една од трите ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометарки по приципот 3, 2, 1. На крај ќе се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ НА СЕЗОНАТА:

Милица Николиќ (Ѓорче Петров) – Одигра одлично во два правци, беше меѓу главните стрелци во тимот на Симовски, но и предводник во одбраната на старо-новиот македонски шампион.

Сашка Филипоска (Чаир) – Прилепчанката во последните две сезони се промовираше како една од поважните играчи на амбициозниот Чаир за играта во одбрана. Секогаш одлично ги извршуваше дефанзивните задачи, а својот потенцијал го покажа и во нападот.

Елена Вучевска (Овче Поле СУ) – Во изминатата сезона заврши како најдобар стрелец во тимот од Свети Николе. Освен што знаеше да погодува и да има добра реализација, секогаш го даваше максимумот во одбраната и не дозволуваше многу продор на ривалите.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022-2023 ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)