Првпат редакцијата на 24ракомет организира избор на најдобриот тим на сезоната во женска конкуренција во Македонија. Ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер. Во првиот избор во женска конкуренција се вклучени читателите и редакцијата на 24Ракомет.
Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот реши да организира и избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го правиме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .
Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2022/23.
Покрај седумте позиции – голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, ќе избираме и тренер на сезоната во Женската лига, како и најдобар дефанзивец и млада ракометарка.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО НЕДЕЛА, 11 JУНИ 2023
Номинирани се по три ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата.
Читателите ќе може да гласаат за една од трите ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).
Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометарки по приципот 3, 2, 1. На крај ќе се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).
НАЈДОБРО ДЕСНО КРИЛО НА СЕЗОНАТА:
Ивона Трпевска (Вардар) – Секогаш беше расположена за игра, покажа одлични реализаторски способности и знаеше да погоди од секој агол. Во регуларниот дуел и плеј-оф фазата беше меѓу најдобрите стрелци во тимот на Александар Царчев.
Марија Гугуљанова (Металург) – Ракометарката на поранешниот македонски шампион одлично си ја искористи дадената минутажа. Погодуваше кога имаше прилика, ретко знаеше да промаши, а на дел од дерби средбите од разигрувањето за титулата одигра на високо ниво.
Тамара Ивановска (Куманово) – Беше една од ракометарките кои редовно се на ниво на задачата во македонскиот вицепрвак. Даваше голем придонес во одбраната, но знаеше да одигра многу добро и во нападот. Со своето стекнато искуство секогаш беше меѓу ракометарките кои имаа голем придонес на теренот.
Гласајте на линкот во продолжение…
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022-2023 ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)