ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА – ЛЕВО КРИЛО

Првпат редакцијата на 24ракомет организира избор на најдобриот тим на сезоната во женска конкуренција во Македонија. Ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер. Во првиот избор во женска конкуренција се вклучени читателите и редакцијата на 24Ракомет.

Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот реши да организира и избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го правиме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .

Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2022/23.

Покрај седумте позиции – голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, ќе избираме и тренер на сезоната во Женската лига, како и најдобар дефанзивец и млада ракометарка.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО НЕДЕЛА, 11 JУНИ 2023 

Номинирани се по три ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата.

Читателите ќе може да гласаат за една од трите ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометарки по приципот 3, 2, 1. На крај ќе се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

НАЈДОБРО ЛЕВО КРИЛО НА СЕЗОНАТА:

Анастасија Николовска (Ѓорче Петров) – Повремената репрезентативка на Македонија одлично си ја заврши задачата за оваа сезона. Николовска беше меѓу најконстантните ракометарки во составот на старо-новиот шампион на Македонија. Таа беше ефикасна од контри, ретко промашуваше од својата позиција, гинеше во одбраната и беше одличен мотиватор во својот тим.

Мила Трајковиќ (Металург) – Левото крило на тимот од Автокоманда со одличните партии во регуларниот дел од сезоната, но и во плеј-оф фазата уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите ракометарки во Женската лига. 22-годишната ракометарка, оваа сезона што Металург не ја доигра поради финансиска криза, ја заврши како најдобар стрелец во на тимот од Автокоманда.

Пена Граматова (Куманово) – Граматова имаше одлична сезона во дресот на Куманово и беше меѓу најзаслужните за освоеното второ место на нејзиниот тим. Со своето акумулирано искуство, во некогашниот учесник во Женската лига, Леов Бартек, па потоа со настапите во Металург, одигра клучна улога во составот на Славиша Димитријески.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022-2023 ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)