Шведскиот стратег Пер Јохансон по трет пат во кариерата се враќа на клупата на романскиот ЧСМ Букурешт.
Иако претходно беше главен тренер, сега ќе му биде помошник на Адриан Василе, кој пак му беше помошник во претходните два наврати на Швеѓанецот.
Тие двајца заедно работат и на клупата на женската репрезентација на Црна Гора, па Јохансон нема да има проблем со адаптација и комуникација.
ЧСМ Букурешт по триумфите над Мец и Кристијансанд ги зголеми шансите за место во четвртфиналето, но и покрај не е меѓу фаворитите за место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.