ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 9. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Петар Бугариновиќ - среден бек - Струга
43.20%
Андреј Петковски - голман - Пролет
15.05%
Ненад Костески - десно крило - Еурофарм Пелистер
12.14%
Никола Стефановиќ - пивот - Тиквеш
10.19%
Дарио Кофилоски - лево крило - Алкалоид
9.71%
Куни Моралес - десен бек - Вардар
7.28%
Никола Матовиќ - лев бек - Јуниор КВ
2.43%

РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

ВАРДАР НЕГОТИНО – СТРУГА 24-26
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 47-16
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 23-26
ПРИЛЕП – ОХРИД 25-26

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

група Б

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ 23-25
ЈУНИОР КВ – СКОПЈЕ 26-25
РАДОВИШ – ТИКВЕШ 22-28
ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 18-31

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Андреј Петковски (Пролет) – Голманот на Пролет не бранеше цел меч, но беше меѓу клучните кај гостите кога ја градеа предноста.

ЛЕВО КРИЛО: Дарио Кофилоски (Алкалоид) – Левото крило на Алкалоид даде 11 гола против Куманово.

ЛЕВ БЕК: Никола Матовиќ (Јуниор КВ) – Српскиот лев бек со 11 погодоци беше најзаслужен за првиот суперлигашки триумф.

СРЕДЕН БЕК: Петар Бугариновиќ (Струга) – Средниот бек на стружани го водеше тимот до победа во Неготино.

ДЕСЕН БЕК: Куни Моралес (Вардар) – Кубанецот со осум гола беше најдобар во гостинскиот триумф кај незгодниот Бутел Скопје.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Десното крило даде седум гола во победата кај Голден Арт.

ПИВОТ: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Српскиот кружен напаѓач заедно со средниот бек Симиќ ги водеа кавадарчани до три бода во Радовиш.