ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 8. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Мартин Димовски - десно крило - Тиквеш
50.58%
Александар Долдуров - лево крило - Радовиш
41.18%
Халил Озтурк - среден бек - Охрид
3.91%
Мартин Серафимов - десен бек - Алкалоид
1.66%
Себастијан Хенеберг - лев бек - Еурофарм Пелистер
1.00%
Дејан Рикановиќ - голман - Струга
0.83%
Михаил Аларов - пивот - Пролет
0.83%

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25-22
КУМАНОВО СТРУГА 27-30
АЛКАЛОИД – ПРИЛЕП 37-22
ВАРДАР – ВАРДАР НЕГОТИНО 41-19

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

група Б

ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 27-25
ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ 27-21
ЈУНИОР КВ – РАДОВИШ 28-31
СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20-25

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Дејан Рикановиќ (Струга) – Голманот на Струга со 12 интервенции беше меѓу најзаслужните за триумфот над Куманово.

ЛЕВО КРИЛО: Александа Долдуров (Радовиш) – Радовишани ја забележаа првата сезонска победа, а Долуров имаше голем придонес.

ЛЕВ БЕК: Себастијан Хенеберг (Еурофарм Пелистер) – Битолчани се помачија за триумф над Скопје, а данскиот лев бек беше најдобар стрелец.

СРЕДЕН БЕК: Халил Озтурк (Охрид) – Турскиот репрезентативец заедно со Ончев беа клучните играчи во охридскиот состав во дерби победата над Бутел.

ДЕСЕН БЕК: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Новиот суперлигаш немаше проблеми против Прилеп, а десниот бек беше меѓу најдобрите стрелци.

ДЕСНО КРИЛО: Мартин Димовски (Тиквеш) – Десното крило со 11 погодоци беше меѓу клучните играчи во победата над Еурофарм Пелистер 2.

ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите во составот на Пролет, кој славеше против Голден Арт.