Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден ракометар од Алкалоид, Охрид, Еурофарм Пелистер, Куманово, Јуниор КВ, Струга и Вардар.
За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 29-26
ПРОЛЕТ – ВАРДАР 18-25
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 26-21
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 26-18
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 17-19
ГОЛДЕН АРТ – ВАРДАР НЕГОТИНО 36-25
КУМАНОВО – ЈУНИОР КВ 24-24
СТРУГА – СКОПЈЕ 31-25
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Дамјан Тутенкоски (Струга) – Голманот на Струга со своите интервенции беше предводник до победа над Скопје.
Лево крило: Јан Чувара (Вардар) – Полскиот репрезентативец постигна осум погодоци во гостинскиот триумф над Пролет.
Лев бек: Немања Ѓурашковиќ (Куманово) – Црногорецот беше меѓу најдобрите стрелци на мечот со Јуниор КВ.
Среден бек: Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер) – Средниот бек имаше одлична партија против Бутел Скопје.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец ја продолжува одличната форма во која игра оваа пролет.
Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Словенецот постигна 12 погодоци на дуелот со Еурофарм Пелистер 2.
Пивот: Антонио Николовски (Јуниор КВ) – Кружниот напаѓач со шест голови беше меѓу најзаслужните за ремито кај Куманово.