Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8. коло од плеј-оф/аут.
Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 34-23
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21-24
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 27-28
ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП 27-24
РАДОВИШ – СТРУГА 22-28
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – голманот на Бутел Скопје беше еден од „виновниците“ за триумфот во Кавдарци.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Црногорецот одигра врвна партија на гостувањето кај Тиквеш.
Лев бек: Филип Талески (Вардар) – продолжува да игра во одлична форма и беше најефикасен во Вардар во триумфот над Еурофарм Пелистер 2.
Среден бек: Марко Митев (Бутел Скопје) – македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите во натпреварот против Тиквеш.
Десен бек: Жарко Бајрактаревиќ (Струга) – Србинот стандардно беше најдобар стрелец во редовите на стружани во триумфот кај Радовиш.
Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Вардар) – вардарецот беше меѓу најефикасните во победата над вториот тим на битолчани.
Пивот: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – битолчани се вратија на победнички патеки по поразот од Вардар, а Босанецот беше најдобар против Охрид.