ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 7. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Давор Шокоски - лев бек - Прилеп
72.33%
Дејан Шешиќ - десен бек - Охрид
15.00%
Ненад Белистојаноски - десно крило - Еурофарм Пелистер 2
8.26%
Урбан Лесјак -голман-Еурофарм Пелистер
1.72%
Јан Чувара -лево крило- Вардар 1961
1.30%
Милан Лазаревски - пивот - Вардар 1961
0.91%
Страхиња Симиќ - среден бек - Тиквеш
0.48%

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 21-19
ОХРИД – ВАРДАР НЕГОТИНО 28-25
ВАРДАР – СТРУГА 36-23
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 33-29

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

група Б

ЈУНИОР КВ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28-33
ТИКВЕШ – ГОЛДЕН АРТ 28-21
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-24
РАДОВИШ – СКОПЈЕ 23-24

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер) – Голманот на битолчани беше еден од творците на пресвртот со кој битолчани славеа кај Пролет.

ЛЕВО КРИЛО: Јан Чувара (Вардар) – Полскиот репрезентативец игра во одлична форма и беше меѓу најдобрите против стружани.

ЛЕВ БЕК: Давор Шокоски (Прилеп) – Левиот бек на прилепчани постигна дури 15 погодоци на мечот со Куманово.

СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Српскиот плејмејкер ги водеше кавадарчани до трите бода на важниот меч против Голден Арт.

ДЕСЕН БЕК: Дејан Шешиќ (Охрид) – Босанскиот интернационалец одигра одличен натпревар и постигна седум погодоци против Вардар Неготино.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Белистојаноски (Еурофарм Пелистер 2) – Десното крило од тимот на Александар Јовиќ беше меѓу најдобрите во триумфот над Јуниор КВ.

ПИВОТ: Милан Лазаревски (Вардар) – Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар против Струга и даде шест гола.