Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.
РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
група А
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 32-25
КУМАНОВО – ВАРДАР 18-31
ВАРДАР НЕГОТИНО – АЛКАЛОИД – СТРУГА 25-39
СТРУГА – ОХРИД 22-24
група Б
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ 29-23
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 30-21
ГОЛДЕН АРТ – ЈУНИОР КВ 36-34
СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 22-30
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Данило Михалјевиќ (Пролет) – Голманот на Пролет имаше 15 одбрани и беше меѓу најзаслужните за убедливата победа против Скопје.
ЛЕВО КРИЛО: Јан Чувара (Вардар) – Левото крило на шампионот Вардар постигна девет погодоци против Куманово и беше меѓу најдобрите поединци.
ЛЕВ БЕК: Тоше Ончев (Охрид) – Левиот бек на охриѓани се враќа полека во форма по паузата поради повреда и беше меѓу најистакнатите на езерското дерби.
СРЕДЕН БЕК: Ивица Илиев (Голден Арт) – Средниот бек на Голден Арт со 12 гола го водеше неговиот тим до триумф во градскиот двобој над Јуниор КВ.
ДЕСЕН БЕК: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот со девет гола го водеше неговиот тим до висока победа над Прилеп.
ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот со пет гола беше меѓу најдобрите поединци во дуелот со Тиквеш, кој битолчани убедливо го добија.
ПИВОТ: Марко Стојковиќ (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец продолжува да игра во одлична форма од стартот на сезоната и имаше голема улога во убедливиот триумф во Неготино.