ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

This poll has ended (since 3 years).

Според Вас, кој ракометар го одбележа петтото коло од машката Суперлига?

Андреј Петковски (Пролет) - голман
39.13%
Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) - лев бек
26.09%
Тимур Дибиров (Вардар) - лево крило
11.46%
Филип Николов (Охрид) - десен бек
7.91%
Дарко Ѓукиќ (Вардар) - десно крило
5.53%
Халил Озтурк (Металург) - среден бек
5.53%
Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) - пивот
4.35%

РЕЗУЛТАТИ ДО 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ      42:22

ПРОЛЕТ 62 – ГРК ТИКВЕШ           31:26

ОХРИД – СКОПЈЕ 2020  37:25

ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2        24:30

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР            27:34

МЕТАЛУРГ – СТРУГА      27:22

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО

ГОЛМАН: Андреј Петковски (Пролет) – Голманот на Пролет имаше добро издание во кое помогна многу во победата против Тиквеш. Одбрани добро во текот на целата средба, па беше еден од клучните вотриумфот и новите бодови.

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Одигра уште еден ефикасен натпревар. Постигна седум гола против Бутел Скопје и го предводеше својот тим кон нова победа.

ЛЕВ БЕК: Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Ракометарот на Еурофарм Пелистер игра во добра форма. Новата добра игра беше крунисана со седум погодоци против Прилеп.

СРЕДЕН БЕК: Халил Озтурк (Металург) – Конечно победа за Металург. Одлично одиграна средба во која ракометарот од Турција беше и прв стрелец со осум гола.

ДЕСЕН БЕК: Филип Николов (Охрид) – Еден од подобрите натпревари за него во дресот на Охрид. Одработи добра средба и постигна шест гола против Скопје 2020.

ДЕСНО КРИЛО: Дарко Ѓукиќ (Вардар) – Доби добра минутажа и за овој период реализираше четирипати. Одигра еден од подобрите натпревари во дресот на Вардар.

ПИВОТ: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – Пивотот на Еурофарм Пелистер имаше добра средба во која постигна осум гола против Радовиш. Тој беше и најефикасниот на средбата.