Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.
РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
група А
ВАРДАР НЕГОТИНО – БУТЕЛ СКОПЈЕ 20-27
КУМАНОВО – ОХРИД 22-31
СТРУГА – ПРИЛЕП 25-25
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 28-25
група Б
ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 20-28
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 20-29
ПРОЛЕТ – ЈУНИОР КВ 32-21
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 37-21
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Марјан Велков (Тиквеш) – Голманот на кавадаречкиот тим успеа да одбрани 17 удари на ракометарите на Скопје.
ЛЕВО КРИЛО: Дејан Манасков (Вардар) – Левото крило на македонскиот шампион го водеше тимот до триумф над Алкалоид.
ЛЕВ БЕК: Филип Талески (Вардар) – Левиот бек покрај шесте гола во нападот имаше и улога во дефанзивата на „црвено-црните“.
СРЕДЕН БЕК: Халил Озтурк (Охрид) – Турскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите во составот на Охрид против Куманово.
ДЕСЕН БЕК: Томислав Јагуриновски (Пролет) – Десниот бек на Пролет беше најдобар стрелец во триумфот над Јуниор КВ.
ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Десното крило со осум гола беше најпрецизен на мечот со радовишани.
ПИВОТ: Филип Арсеновски (Еурофарм Пелистер 2) – Пивотот на битолчни беше меѓу најдобрите во нападот и одбраната на мечот со Голден Арт.