Натпреварите од 4. коло од Супер машката лига донесоа интересни резултати. Металург кој важи за прв фаворит за освојување на првото место во регуларниот дел од сезоната имаше тежок дуел против Бутел Скопје и мораше до последната секунда да се бори за победа.
Бодови во гости освоија ракометарите на Вардар јуниор додека нерешено финишираше средбата меѓу Металург 2 и Пелистер. На домашен терен сигурни беа Пролет и Охрид кои славеа против Работнички односно Радовиш.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ВИКТОР ВАСИЛЕВСКИ (МЕТАЛУРГ 2)
Еден од играчите кои помогнаа многу во трката за бодови со Пелистер. Со неговите одбрани тимот на Металург успеа да стигне до бод, а имаше шанса и за повеќе.
ЛЕВО КРИЛО: КРСТЕ АНДОНОВСКИ (ОХРИД)
Одигра добра средба и беше меѓу подобрите во победата над тимот на Радовиш. Андоновски покажа солидна партија со што си најде место во тимот на колото.
ЛЕВ БЕК: ИВАН ЏОНОВ (ПРОЛЕТ)
Одигра неверојатен меч против тимот на Работнички. Дури 15 пати ја погоди мрежата на противникот и беше еден од подобрите на теренот.
СРЕДЕН БЕК: СТЕФАН КРСТЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)
На уште еден натпревар покажа дека е еден од подобрите ракометари на Вардар јуниор сезонава и беше лидер во играта во освојувањето на три бода на гостувањето во Струга.
ДЕСЕН БЕК: ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОСКИ (МЕТАЛУРГ)
Одработе одлично на средбата против Бутел Скопје. Со осум гола беше најефикасен, но имаше огромен придонес како во нападот така и во одбраната.
ДЕСНО КРИЛО: БОБАН БЛАЖЕСКИ (ОХРИД)
Стандардно добар. Одработи одлична средба во која беше на високо ниво и при изведувањето на контрите. Со седум гола беше најефикасен, а беше и добар изведувач на ударите од седум метри.
ПИВОТ: ВАСКО ДИМИТРОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Еден од најискусните ракометари во лигата беше голем проблем за одбраната на Металург 2. Васко Димитровски со осум гола беше најефикасниот во редовите на Пелистер на гостувањето во Автокоманда.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО
МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 26:25 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ВАРДАР ЈУНИОР 23:24 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – РАДОВИШ 29:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ 62 – РАБОТНИЧКИ 38:36 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ 2 – ПЕЛИСТЕР 25:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО
ВТОРНИК, 1 ОКТОМВРИ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА
САБОТА/НЕДЕЛА, 5/6 ОКТОМВРИ
ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД
ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ
РАДОВИШ – МЕТАЛУГ 2
РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ
ТАБЕЛА: 1. Металург 10 бода (130:98); 2. Пролет 10 (118:113); 3. Охрид 9 (107:87); 4. Бутел Скопје 9 (111:104); 5. Радовиш 6 (114:113); 6. Пелситер 4 (94:100); 7. Работнички 4 (120:128); 8. Вардар јуниор 3 (95:127); 9. Струга 1 (99:104); 10. Металург II 1 (118:132).
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)
44 – Давор Палевски (Работнички)
39 – Ивица Илиев (Радовиш)
33 – Иван Џонов (Пролет 62)
28 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)
25 – Лука Стојановиќ (Металург 2)
25 – Филип Николов (Радовиш)