Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден ракометар од Вардар, Куманово, Прилеп, Еурофарм Пелистер, Алкалоид…
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ОХРИД – АЛКАЛОИД 26-32
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР 18-25
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 28-24
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 32-26
СКОПЈЕ – ЈУНИОР КВ 25-25
РАДОВИШ – КУМАНОВО 24-33
СТРУГА – ГОЛДЕН АРТ 29-34
ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО 31-21
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Голманот на Бутел со 17 одбрани беше меѓу најзаслужните за триумфот над кавадарчани.
Лево крило: Дејан Манасков (Вардар) – Вторпат по ред Манасков се најде во идеалниот тим откако со 13 гола го предводеше првакот до бодови во Битола.
Лев бек: Мириани Гавашелишвили (Прилеп) – Грузискиот репрезентативец со шест голови ги водеше прилепчани до победа над неготинци.
Среден бек: Игор Ѓоргиев (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец беше меѓу клучните за триумфот на новиот суперлигаш покрај езерото.
Десен бек: Никола Бечејац (Куманово) – Српскиот десен бек даде девет гола и беше меѓу најдобрите за четврта победа на кумановци во четири меча.
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Вторпат по ред македонскиот репрезентативец се најде во идеалниот тим откако беше меѓу најдобрите против Пролет.
Пивот: Давид Даев (Голден Арт) – Кружниот напаѓач беше меѓу најефикасните во Голден Арт во важна победа против стружани во битката за опстанок.